21.05.2023

Стојаноска: Ветениот „живот за сите“ стана беда, правдата-огромна неправда затоа единствен излез се избори

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска при денешната теренска активност во регионот на Демир Хисар во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ истакна дека ветениот „живот за сите“ станал беда, правдата огромна неправда а “живот за сите“ распаднато општество за сите, затоа единствен излез се избори.

„Во моментов се наоѓам во Кутретино и Суводол, исто така на територија на општина Демир Хисар со жителите на овие две села се разговараше на темата сиромаштија и тешката живеачка која што е нивно секојдневие. Велат дека ветениот живот, наместо живот станал беда, дека ветената правда наместо правда станала огромна неправда, а она едно општество за сите стана буквално распаднато општество за сите. И токму затоа тврдам дека единствен излез од сите овие понижувања и катастрофи се следни избори  на кои и тоа како ќе го кажат својот глас против овие понижувања и криминали“, нагласи Стојаноска.