Се одржаа првите 2 од предвидените 4 отворени денови во општина НеготиноГраѓаните на општина Неготино вчера и денеска зедоа активно учество во првите 2 од предвидените 4 денови ,,Отворен ден во твојата општина, биди дел од промените што носат иднина “. На овој начин на сите граѓани им е овозможено со свои предлози и идеи да учествуваат во креирањето на Програмите за работа и Буџетот на општина Неготино за 2023 година.
Имавме можност заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од општина Неготино во Републичкиот парламент Златко Пенков да слушнеме одлични идеи и предлози за многу проекти кои се од витален интерес за граѓаните на Неготино и населените места.
Сите граѓани кои од разни причини не можеа да ја искористат можноста овие 2 дена да го сторат тоа, ги информирам дека и наредната сабота и недела на 10 и 11 овој месец повторно ќе има отворени денови и за нив ќе бидам достапен во периодот од 11 до 14 часот.