Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со протестот на средношколците и студентите, истакна дека тие не смее да бидат жртва на оваа неспособна власт и затоа треба да им се излезе во пресрет на нивните барања.
– Сметаме дека мора да се излезе пресрет на барањата на учениците, власта ако ништо не направија досега, напротив само го девастираа образованието, можат барем да им излезат пресрет на барањата учениците за полагање на матурата, рече Стоилковски.
Тој потенцираше дека се губеа часови, се уште нема учебници, а состојбите се катастрофални во образованието.
– Учениците не смеат да бидат жртви на неспособната и криминогена власт, нагласи Стоилковски.