08.01.2024

Стоилковски: Лицемерието на СДС се гледа по тоа само што се фалат за покачување од 1.000 денари за работници, а молчат за покачувањето на платите на функционерите од 400 евра, кое што е дополнување на покачувањето од претходно од 78%

По прес конференцијата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски од медиумите беше запрашан за коментар за тоа што секој ден власта се фали со поголеми плати за работниците. Стоилковски посочи дека за седум години власт на СДС и ДУИ Македонија само заостана зад сите држави во регионот. 

„Лицемерието на СДС се гледа по тоа што се фали за покачување од 1.000 денари за работници, а молчи за покачувањето на платите на функционерите од 400 евра, кое што е дополнување на покачувањето од претходно од 78%. СДС и Ковачевски ветуваа работни групи, ама веројатно животните потреби на народот се помалку вредни од оние на функционерите. За 7 години власт на СДС Македонија заостана зад сите држави во регионот“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека од 2017-та до 2023-та година растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај сите други држави од регионот е 50%, а некаде и над тоа.

„СДС и ДУИ лажеа дека инфлацијата е увезена, а сведоци сме дека имаме 50% поголема инфлација од еврозоната, каде се наоѓаат нашите најголеми трговски партнери. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, порача Стоилковски.