12.08.2023

Стоилковски: Кој вршел притисоци кај СДС за ја да снема Декларацијата за Илинден од собраниските документи, дали се на истиот став кога одбија декларација за Гоце Делчев?

СДС се уште не го информира народот за текстот на Декларацијата за Илинден, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговорајќи на новинарско прашање, кој посочи дека СДС мора да одговорат кој вршел притисоци за истата да ја снема од собраниските документи, како и тоа дека сите се сеќаваат кога СДС одби Декларација за Гоце Делчев.

– СДС мора да одговорат зошто ако предлог Декларација за Илинден била објавена, зошто била тргната и ја немаше меѓу објавените собраниски документи? Кои и чии црвени телефони ѕвонеле во СДС за да вршат притисок за Декларацијата? – прашува Стоилковски.

Стоилковски потенцираше дека искуствата на Македонија со СДС за Декларации се уште се свежи, откако лани СДС ја одби Декларацијата за Гоце Делчев со изјава дека со Декларацијата се враќаме назад, а не напред.