Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Ковачевски тврди дека нема одлагање на уставните измени и на тоа дека нема да бидат заложници на еден човек поради неговите лични интереси и зачувување на фотелјата истакна дека единствениот заложник е Димитар Ковачевски, заложник на ДУИ и на Ахмети и партнер во криминалот а уставните измени веднаш да ги стави на дневен ред.
„Единствениот повеќекратен заложник е Димитар Ковачевски, заложник е на ДУИ и на Ахмети и партнер во криминалот. Заложник е на минатото во партијата, се согласуваме дека нема одлагање, веднаш да ги стави уставните измени на дневен ред, а кога зборуваме за заложник, единствен заложник на сопствените незнаења и глупост и криминален карактер е самиот Ковачевски. Заложник на ДУИ и на Ахмети“, нагласи Стоилковски.