23.07.2023

Стефковски: ЈКП Гази Баба интензивно работи санирање на последиците од невремето

ЈКП  Гази Баба интензивно работи на санирање на последиците од невремето.

Повеќе од 40 луѓе попладнево се ангажирани на расчистување на последиците од невремето кое попладнево го зафати Скопје.

Во првата фаза се подигнати сите паднати дрва кои беа на коловозите и во моментов нема паднато дрво кое преставува пречка во сообраќајот.

Екипите продолжуваат со активности во сите населени места во текот на целата вечер.

https://www.facebook.com/StefkovskiB/posts/pfbid02M5v2tAESc8etHLEY7DHwLN3dRco9f7sf2HQG6P4gjWZE3zK8jpUg84aAVx6dq3nvl