-Почитувани, во рамки на караванот во организација на Унијата на млади сили „Иднина за сите во Македонија“ денес сме во Охрид, на средба со советниците и младите од овој регион. Низ општините разговараме за проектите поддржани од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на иницијативи од младинскиот совет и советниците на Унијата на млади сили, изјави Горан Степановски, потпретседателот на УМС при средбата во Охрид.Степановски посочи дека советниците и локалните совети секогаш се пристапни за младите.-Советниците и локалните совети секогаш се пристапни за младите, идеите кои тие ги даваат, рече тој.Степановски потсети дека викендот во Македоснката опера и балет сите идеи од овие теренски активности ќе бидат претставени се со цел да се изработи програмата за младите.-Караванот завршува утре во Скопје на тема животна средина, а викендот кој предстои, сабота и недела сите тие идеи ќе бидат предложени во Македонската опера и балет, заедно да ја изработиме програмата за млади, додаде тој.
https://www.facebook.com/UMSVMRODPMNE/videos/999550507859218/