Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски,претставници од Советот и администрацијата заедно со пратеничките Ане Лашкоска и Силвана Анѓелевска овој викенд беа достапни за нашите жители со цел да ги слушнат нивните идеи, потреби и предлози за отворено, транспарентно и отчетно да се искреира Буџетот за 2023 година.Општина Новаци како и досега така и во иднина ќе биде отворена за постојана комуникација и соработка со сите нејзини жители. Вакви средби ќе се одржат и следниот викенд во истиот период.
