12.09.2022

Средба на Христијан Мицкоски со Антон Хофрајтер, член на германскиот Бундестаг и претседстел на Комисијата за Европа

Денес, заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, остварив средба со членот на германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за Европа, Антон Хофрајтер.
На средбата се заблагодарив за искрената поддршка на Германија кон евро-интеграцијата на Македонија. Истовремено, истакнав дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи асимилација на македонскиот народ и негирање на македонскиот јазик и идентитет.
Референдумот е најдемократски начин на изразување на мислењето на граѓаните. Оттука, граѓаните имаат право да кажат дали се согласни со Договорот со Бугарија кој на македонските граѓани им донесе обиди за негирање, асимилација и понижување.