05.12.2023

Срамно е СДС да се фали со разрешница на случај со двајца убиени, а главниот сторител е во бегство

СДС го допре дното. Се фалат со трагичен случај чиј епилог е двајца убиени, а главниот осомничен егзекутор им е во бегство.

Токму институциите раководени од страна на СДС имаат најголема одговорност што во Македонија дозволија да се шири токсична атмосфера чија последица е двојното убиство. Со години дозволуваа во етерот Палевски да се заканува, да шири говор на омраза, да повикува на насилство преку своите поткасти и гостувања на „Инфомакс“ и немаше никаква реакција за тоа. Ваквото негово поведение беше толерирано од страна на полициски и политички структури од СДС и на тој начин беше охрабрувано да се прелее на улици само заради тесни и ситни партиски побуди.

Се создаде една мрежа од рекетари и насилници кои имаа чувство на недопирливост. Впрочем доколку МВР навремено и соодветно реагирало уште кога било пронајдено оружје кај Палевски пред 7 месеци, можеби до оваа трагедија немало да дојде. Дополнително МВР на Спасовски не одговара како дошло до тоа возилото на убиениот велешанец да се искористи за спроведување на друго кривично дело и како тоа возило поминувало по скопските улици? МВР не дава одговор зошто 5 дена не биле преземени никакви дејствија во однос информацијата дека Палевски е можен сторител на убиството на малата Вања?

Конфузната прес конференција на МВР и Обвинителството отвора сомнежи дека институциите не ги презеле сите чекори навремено. Доколку се реагирало на време можеби немаше да има двојно убиство, или можеби главниот осомничен немаше да биде во бегство.

СДС треба да се срамат, наместо да се фалат од ваквата постапка на институциите.