25.10.2022

Според Светска Банка Македонија ја очекува рецесија, СДС ја влече Македонија во банкрот, секоја година долгот поголем од растот за над 100 милиони евра

Според Светска Банка Македонија ја очекува рецесија, СДС ја влече Македонија во банкрот, секоја година долгот поголем од растот за над 100 милиони евра.

Според Светска Банка Македонија има највисока инфлација до сега, но и најнизок раст на БДП.

СДС ја влече Македонија во бездна, банкрот и иселување.

Пет години како СДС е власт, јавниот долг е зголемен за повеќе од 2,5 милијарди евра. Секоја година генерираат нов долг од над 500 милиони евра. А во исто време растот на БДП е околу 400 милиони. Секоја година со СДС повеќе се задолжуваме отколку што има раст економијата.

Политиката на СДС ја влече Македонија во бездна и банкрот.

Погрешните политики на СДС ги иселија граѓаните. Здравството тоне, образованието е руинирано, на инфраструктурно поле се стагнира.

Се што прави СДС е само поткусурување со македонските национални интереси.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ води европска политика, втемелена на демократски принципи.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го намали данокот на добивка и персоналниот данок на доход на стапка до 8%, и ќе обезбеди даночна предвидливост.

250 милиони евра ќе завршат годишно во општините како капитални проекти преку Министерството за Транспорт и врски. Нема да има општина во Македонија која нема да се развива. Ќе се развиваат и малите и големи општини, и во источниот и во западниот дел од државата.

ВМРО-ДПМНЕ акцент ќе стави на инфраструктурата и на изградба автопатите од Гостивар до Кичево и Велес до Меџитлија.

На Македонија и требаат проекти и многу работа, а не поделба.