18.04.2022

Спасовски да си поднесе оставка, 3 дена нема одговор каде е украденото оружје од охридската полиција

Спасовски да си поднесе оставка, 3 дена нема одговор каде е украденото оружје од охридската полиција.
Од магацинот на МВР во Охрид не само што е украдена муниција за автоматско оружје, туку се украдени и бомби и гранати, доволни за вооружување на цела единица.
Оружјето е украдено од полициски магацин, кој се наоѓа во кругот на поранешната касарна во Охрид, опколен со други полициски објекти. 
Магацинот е објект кој го обезбедува полицијата. Нејасно е како крадците влегле во полициски круг, и извршиле грабеж на полициски магацин, изнеле неколку кутии со оружје и никој не ги видел, ниту слушнал.
Или Спасовски е целосно неспособен или тој е соработник во овој грабеж.
Како граѓаните да се чувсвтуваат безбедни, кога тие кои треба да ја гарантираат нивната безбедност, не можат ниту себе да се заштитат? Кое е образложението на Спасовски и зошто 3 дена молчи или чека медиумите повторно да извадат некоја снимка за да каже дека и тој ја има истата снимка, а крадецот само што не го фатил?
Наместо да чека на чуда, Спасовски да си поднесе оставка веднаш, зошто никој повеќе не верува дека Спасовски може да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Тој е целосно неспособен.