Скандалот на Клиниката за онкологија не е од вчера. Се предупредуваше, но им требаше многу време на надлежните да реагираат. Пропустите, несоодветното работење на членовите на Владата на СДС и ДУИ има висока цена, цената се плаќа со човечки животи.
Со овој скандал најбрутално се погазени човековите права и вредности во здравствената заштита за чие спроведување покрај ресорниот министер директно се одговорни и првиот човек на Владата и Владата во целина. Зошто? Затоа што член 30 од Закон за Влада вели „Владата врши надзор над работата на министерствата и другите органи на државната управа и управните организации“.
Оттука, јасно е дека власта не презела ништо! Непостапувањето носи директна одговорност на Владата на СДС и ДУИ и на Димитар Ковачевски и одговорните за скандалот имаат име и презиме.
Или Ковачевски како премиер е лично одговорен, бидејќи не презел ништо, а е одговорен за работа на министрите во конкретниов случај министрите за здравството.
Одговорни се Беким Сали и Фатмир Меџити. Одговорни се и Венко Филипче и Арбен Таравари.
Дополнително, постои сомнеж дека обвинителството предводено од Љубомир Јовески или Ислам Абази нема да спроведат ништо во насока на откривање на вистинските виновници. Или едниот чека власта да го избере за уставен судија, а на другиот цела јавност виде дека на врат му е цела партија.
Одговорните имаат име и презиме! Вклучените на било кој начин во овој мега скандал треба да одговараат политички, но и кривично. Мора да има разрешница и да се стави крај на расипничкото владеење кое чини човечки животи.
Овој скандал е уште еден показател дека час поскоро треба да замине оваа одродена власт за да почне рестартирање на здравствениот систем!