01.11.2023

Со СДС скопјани од денес ќе плаќаат за 150 денари поскапо парно, а цената на гасот на берзите р скоро 3 пати помала од лани

Со СДС скопјани од денес ќе плаќаат за 150 денари поскапо парно.

Фрапантно е објаснувањето на властите ЕСМ и РКЕ кои тврдат дека поскапувањето на парното е заради зголемените цени на гасот. Лага е дека гасот е поскап, веќе 9 месеци наназад, со завршување на грејната сезона 2022/2023 цената на гасот се стабилизираше на околу 50 евра за мегават, односно 550 евра за 1000 нормални метри кубни.

Гасот денес е за три пати поефтин од лани, но не и парното за скопјани. Каде одат парите и по која цена ЕСМ купува енергенси?

Криминогеноста на власта удира по џебот на граѓаните, народот е се посиромашен, и со секој ден повеќе СДС и ДУИ дополнително осиромашува.