15.07.2023

Со повисоките даноци власта на сметка на граѓаните и успешните и дисциплинирани компании ќе го полни буџетот, кој после безмилосно ќе го троши и краде

Власта на СДС и ДУИ шверцерски подготвува три законски измени со кои предвидува зголемување на постоечки даноци или воведување на нови. Ниту се консултира бизнис заедницата, ниту експертите, ниту има јавна и стручна расправа. Даночните реформи ад хок не ги прават заради некаква социјана политика, туку едноставно бараат начини да го полнат буџетот кој после безмилисно го трошат за луксузи, лични богатења и криминал. Впрочем тие и онака трошат рекордни буџети, односно за 7 години потрошиле околу 30 милијарди евра, а граѓаните од тоа не видоа апсолутно никаква корист.Со трите законски измени се предвидува дуплирање на ДДВ за околу 4000 прехрамбени производи, измени на данокот на добивка и воведување на нов тн „солидарен данок“. Товарење на стопанството без да се обезбеди фер бизнис клима и услови е погубно за економијата. Власта наместо да се бори со сивата економија и да се обидува да го зголемува на тој начин приходот, тие удираат по граѓаните и оној дел од стопанството кој е успешен и дисциплиниран во плаќањето. Според логиката на власта оној кој не плаќа даноци ќе продолжи да не плаќа, а нив ќе ги покриваат со прибирање повеќе даноци од оние компании кои се успешни и редовно плаќаат. Ваква арамиска даночна реформа може да спроведе само арамиска власт како оваа на ДУИ и СДС кои во ова гледаат начин како да соберат повеќе пари во буџетот и истите после да ги украдат и испумпаат во својот џеб.Заради немањето предвидливост, алаш вериш политиките на власта и ваквите даночни реформи странските инвестиции ја избегнуваат Македонија во широк лак, а постоечките бизниси бегаат.