Премиерот во посета на РЕК Битола.
Денес по некоја случајност премиерот доаѓа во посета на РЕК Битола, столбот на македонскиот електроенергетски систем.
Се надеваме дека посетата нема да биде само пополнување на празната агенда туку и ќе ја конкретизира загриженоста за енергетската криза предизвикана од неспособноста на актуелното раководство.
Ве охрабруваме веднаш да го разрешите најнеспособниот и најкриминалниот директор во историјата на АД ЕЛЕМ, и со тоа да почнете да ја решавате катастрофалната енергетска криза во државата.
Наместо зголемување на производството досега видовме само криминал, неморал и неспособност.
Видовме слики од хотелски соби, слики од пресушените хидроакумулации, видовме зголемен девизен одлив заради зголемениот увоз на струја, видовме се најлошо!
Доста е премиере.
Време е за домакинско и одговорно работење.
Прашајте го јавно пред камерите на какво гориво работат првиот и вториот блок, а на какво третиот блок.
Сликата во прилог е денешна, а ситуацијата е ваква веќе неколку дена.
Едниот оџак сигурно испушта канцерогени материи, а досега никоја невладина не запраша што се користи како погонско гориво ?
Ние го запрашавме и Министерот за животна средина дали се согорува некаков течен отпад, но досега нема одговор.
Прашајте го и колку дена од неговото доаѓање РЕК Битола работи со максимален капацитет, зошто ископува само јаловина во двата рудници, а јаглен увезува и плаќа на приватни фирми.
Актуелниот директор го одбележа својот мандат само со неспособност за производство, но способност за криминално пустење на Државниот имот.
Започни со дела премиере доста беше од недела.
Линк од ФБ статус: