05.11.2023

Со неказнивост за канцер мафијата, власта потврдува дека е целосно корумпирана

Со неказнивост за канцер мафијата, власта потврдува дека е целосно корумпирана.

Наместо да има одговорност канцер мафијата продолжува да си поигрува со животите на луѓето.

Според информациите кои ги имаме злоупотребите се поголеми, власта распишува милионски набавки за снабдување од омилените веледрогерии, кои доцнеле со испораки, и никој од надлежните не реагирал, молчеле и директорот на Онкологија и министерот. Зошто? За да не стават негативни референци за учество на тендер на омилената веледрогерија на власта.

Дополнително нема никаков писмен траг, интерна книга во која се води колку единици од определен лек се аплицирани, на колку пациенти. Ова е така со години, бидејќи нема никаква контрола, а токму на овој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани. Имаме информации дека им се дава терапија на пациенти да ја изнесуваат надвор од клиниката, а нема информации дали истите ја примиле или не.

Канцер мафијата бездушно профитирала на животите на голем број на луѓе. Одговорност мора да има.