07.10.2022

Со дезертерот Ковачевски на власт граѓаните не знаат како да ги платат сметките за струја, но соларниот картел со аферата „Броило“ сврте 26 милиони евра

Почитувани,

Вечерва дезертерот Ковачевски се расфрлаше со празни зборови и популистички мерки.

Додека граѓаните остануваат без своите работни места, не знаат како да го истераат месецот, а инфлацијата вртоглаво расте, дезертерот Ковачевски лета во облаци.

Ниту едно интервју нема да ги затскрие криминалите на Ковачевски, ниту ќе се заборави аферата „Броило“.

Додека соларниот картел млати милиони, народот плаќа скапа струја, која СДС ја накачи за 30% за домаќинствата, а до 2.5 пати за компаниите.

Над половина милион граѓани не знаат како да си ги платат сметките, ама соларниот картел сврте 26 милиони евра.

Ковачевски нема никаков план за иднината на Македонија. Негов единствен план е како да се задржи ден повеќе на власт.