06.02.2023

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје изразува длабоко жалење за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, ќе поведеме иницијатива за вонредна седница со цел доделување еднократна помош за настраданите

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија изразува длабоко жалење за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите и до пријателските народи опфатени со смртоносниот земјотрес.

Скопје како град на солидарноста и како град кој ја има почувствувано жестината на последиците од оваа природна катастрофа треба да испрати помош во рамките на своите можности.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе поведе иницијатива за вонредна седница во Градот Скопје за доделување на еднократна помош за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.