26.01.2023

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Апасиев: Скопјани знаат дека фолирантите од Левица денес заедно со криминалците од ДУИ и СДС гласаа за изработка на урбанистички планови и уредување на градежно земјиште за нови бизниси и пари во приватни џебови

Апасиев додека ја спасува власта од опозицијата лажно преставувајќи за опозиционер треба да знае дека неговите советници гласаа исто како и советниците на СДС, ДУИ и уценетата ГРОМ за изработка на урбанистички планови, како и уредување на градежно земјиште за нови градби и урбано дивеење. И сето ова само затоа што тоа е бизнис барање на ДУИ и Арсовска.

Додека глуми Че Гевара, Апасиев со цела негова структура станува богат како путиновите олигарси.

Ако не знаел, нека си го погледне видеото каде сложно СДС, Левица и ДУИ сложно гласаат бизниси.

https://www.facebook.com/SovetNaGradSkopje/videos/1249246222355468/