20.12.2023

Советниците на СДС за време на нивната локална власт беа тие кои гласаа за поскапување на водата во Битола 

СДС СЕ ЛАЖНИ ДУШЕГРИЖНИЦИ НА БИТОЛЧАНИ

Денес во очи на посетата на претседателот на СДС советниците од СДС со замајување на јавноста сакаат да ги покријат сите ветувања кои ги дадоа но не ги реализираа во овие 4 години централна власт. Неуспешен е спинот на СДС дека сметките за вода и канализација ќе поскапат поради директорите кои раководат со ЈП. Дури и врапчињата на гранките знаат дека регулаторната комисија за енергетика ја одредува цената на водата.Со регулаторната комисија за енергетика раководат лица кои се партиски кадри на СДС кои освен партиските задолженија ништо друго не спроведуваат.
Исто така граѓаните треба да знаат дека со Одлука на Владата на СДС цената на водата на ЈП Стрежево ја поскапија за 20%. Дали Ковачевски е запознат со оваа одлука?Сведоци бевме дека во изминатиот период поради неуспешните екомомски политики на владата на СДС, Македонија беше зафатена од екомомско цунами со незапамтена двоцифрена инфлација и енормно високи цени на електричната енергија. Уште еднаш да повториме дека ниту директорите ниту советот не ја утврдуваат висина на цената на водата.
Цената на водата се утврдува врз основа ЗАКОН ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЦЕНИ НА ВОДНИТE УСЛУГИ.
Крајно несериозно и потценувачко е да ја вреѓате интелегенцијата на граѓаните и да собирате ситни политички поени кога во 2018 година советниците од СДС гласаа ЗА поскапување на цената на комуналните услуги.

https://www.facebook.com/Vmrobitola/videos/907753707359902/