30.11.2024

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со одлука за зголемување на тарифата за приватните превозници, ги спасија граѓаните од зголемување на цената на билетот предлог нс СДС и Левица

Донесена е легитимна одлука за зголемување на тарифата за приватните превозници на предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, со што се одбегна предлогот на СДС поддржан од Левица и ДУИ за зголемување на цената на билетот за превоз за граѓаните.

Данела Арсовска може да не се согласува со оваа одлука, но таа е легитимна и денес свесно внесува неоснована забуна во јавноста и медиумите кога вели дека истата не е донесена, поради недостиг на кворум. Што не е вистина и истото го демантираме и тоа може лесно да се заклучи од снимките кои се јавни. Со таквото нејзино тврдење штитејќи ги тесноградите и партиски интереси на триото СДС, ДУИ и Левица, на штета на скопјани, практично сака да се врати проблемот од почеток и да не се решат барањата на превозниците и Скопје да е во повторен хаос.

Апелираме да се стави во сила легално и легитимно изгласаната одлука на Советот кој е орган чии надлежности се над криминалните желби на кумата и господарот на хаосот во Скопје Данела Арсовска.

Апел и до советниците на СДС и координаторката Љубица Јанчева, како и до советниците на Левица и ДУИ да не се прават крпи и да го губат достоинството пред налетот на сценаријата за хаос на Арсовска и да ја деградираат функцијата советник потчинувајќи се на Арсовска. Одлука и решение е донесено на последната седница. И истото треба да се спроведе.