06.02.2023

Славески: Закажана е вонредна седница на Советот на Град Скопје за носење одлука за помош на настраданите од земјотресот во Туркије и Сирија, за во среда, 8 февруари

Координативното тело при Совет на Град Скопје, во кое членуваат претставници на сите советнички групи, застапени во Совет на Град Скопје, кои настапија на локалните избори за советници во Совет на Град Скопје, одржа состанок на кој се договори одржување итна вонредна седница на Совет на Град Скопје за 8 февруари 2023 година (среда) со почеток во 13:00 за носење одлука за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес што зафати делови од Туркије и Сирија.

Градоначалник и соодветните сектори на Град Скопје се обврзаа да достават до советниците предлог-одлука за финансиска помош, во рамките на можностите на Град Скопје, која ќе се достави до настраданите подрачја.