12.12.2022

Скопје е жртва на тандемот Тачела, а институциите водени коалицијата на неврзаните (СДС – ДУИ – Левица)

Скопје е жртва на тандемот Тачела, а институциите водени коалицијата на неврзаните (СДС – ДУИ – Левица).

Тандемот Тачела подолг период наназад го уништува Скопје. Таквата коалиција се заснова на тендери и матни зделки. Еден од таквите тендери е и набавката на гориво за ЈСП, без попуст од 6 денари по литар, како што до сега било пракса.

Директор на ЈСП е Александар Стојковски, кадар на СДС.

Заради ЈСП е и проблемот со приватните превозници и блокадите во Скопје.

Да имаше договор за набавка на гориво со попуст, како што до сега било случај, ќе се уштеделе 1.5 милиони евра, пари со кои ќе се плателе приватните превозници.

Ако СДС сакаат да му помогнат на Скопје нека му кажат на својот кадар директор на ЈСП, и коалициониот партнер Арсовска да го поништат договорот за набавка на гориво и да распишат нов повик за да се обезбеди рабат.

Воедно нека побараат и оставка од Арсовска, спротивно ќе докажат уште еднаш по кој знае кој пат дека се во тајна коалиција која гледаме како функционира, за тендери и матни зделки на грбот на скопјани.

Со почит,