Скопје е без јавен превоз, а Арсовска и Ковачевски наместо да го решат проблемот, затоа што само тие се надлежни прават тајни средби за матни зделки.
Лицемерен е односот на Ковачевски и Арсовска околу проблемите во град Скопје, нивната тајна коалиција функционира за се, освен за решавање на проблемите на скопјани.
Ковачевски и Арсовска го вратија Скопје 100 години назад.
Секој нов ден Арсовска дава причина и оправдување плус зошто таа ја загуби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.
Скопјани не можат да се движат слободно, доцнат за работа, децата за училиште, буквално се е застанато.
Арсовска наместо да го реши проблемот ги напаѓа превозниците и дрско се однесува со луѓето кои се сервис на Скопје 24/7.
Градот Скопје не постои заради Арсовска, туку заради скопјани. Арсовска да не ја злоупотребува функцијата и да почне да работи, тоа за што е платена, а тоа е сервис на народот.