09.01.2024

Скандалот во М-НАВ е сликата за Македонија како е кога СДС и ДУИ се власт, потребно е да се стави крај на партизираноста на правосудството, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме

Неказнивоста за упадот во М-НАВ е доказ дека со оваа власт во државата единствено царува криминалот.

Скандалот во М-НАВ е сликата за Македонија како е кога СДС и ДУИ се власт. Коалицијата СДС – ДУИ која што се претставува како Европски фронт врши упад во контролна кула на М-НАВ и тепа вработени кога во моментот 40-тина авиони се над градот, а притоа не се казнуваат истите. Во држава каде што има нормална власт сторителите би биле во затвор веднаш.

Но, затоа овој скандал кој што е од меѓународни размери единствено за СДС и ДУИ претставува ситен криминал.

Македонската јавност заслужува да знае дека:

Четворица напаѓачи организирани од ДУИ ги нема, МВР не знае каде се;

Оние од ДУИ однесени пред суд се пуштени без притвор од судија кој што исто така е близок на ДУИ;

Обвинителство и судот си ја префрлаат топка, ОЈО барало притвор заради „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај”, а судот на ДУИ тврди дека немало докази;

Тепаниот е приведен на граница, за него имало наредба да биде апсен;

Едниот од напаѓачите веќе требало да е во затвор за друго дело, но не е;

Главниот напаѓач, функционер на ДУИ ќе оди на работа во контролната кула, кај тепаните и оние што со банда дошол да ги тепа пред неколку дена;

Обезбедувањето миленик на ДУИ, соучесник во упадот, продолжува со работа, иако пуштиле неовластени лица, и оние што не се на смена во контролна кула за да тепаат, додека авиони кружат над Скопје!?

Власта се уште молчи со цел да обезбедат недопирливост за себе и за бандите.

Правосудните институции во државата се партизирани и работат по наредба на ДУИ и СДС. Време е истите тие институции да се ослободат од канџите на оваа криминална власт и да започне да функционира правосудниот систем во Македонија.

Македонија треба да престане да е роб на криминалците од СДС и ДУИ. Време е да се случат промените во државата.

Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме!