03.03.2024

Силјановска: Благодарам за поддршката, ова покажа дека народот сака промени и длабоки реформи

Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени.

Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата.

Верувам дека речта е прва и дека веројатно и тие веруваат дека она што го зборувам ќе го направам!

https://www.facebook.com/share/v/Ro9V5fVGKAFjqwFv/?mibextid=oFDknk