21.01.2023

Се што фати СДС исуши, македонската економија се уништува а народот го турна во сиромаштија

СДС е партија која лаже и за тоа има судска пресуда. Но, освен што лажат тие и крадат за што говорат бројките.

Во Македонија во време на СДС домашното производство на струја е намалено на минимално ниво. Македонија увезуваше струја по милион евра дневно иако зимата поминува со пролетни температури. ЕЛЕМ (ЕСМ) е претворен во загубар заради криминалните тендери во 4 очи, заради што ќе одговараат после промената на власта.

Македонската економија тоне, а за тоа говорат и извештаите на светски реномирани институции кои покажуваат дека растот на БДП во Македонија е најлош во Европа, веднаш после Русија и Украина кои се во војна.

Граѓаните во Македонија најбрзо осиромашуваат во Европа затоа што инфлацијата е највисока и цените на основните прехранбени производи највеќе се поскапени.

Се што фати СДС исуши, македонската економија се уништува  а народот го турна во сиромаштија.

 За сето тоа е одговорна оваа власт на СДС и ДУИ, во која Ковачевски и СДС се послушниците на Ахмети и неговата партија. Им порачуваме на Каевски и на СДС да излезат од стакленото ѕвоно на удобства и бенефиции и да видат како живеат граѓаните. Народот бара промени и тие промени ќе се случат.