18.11.2022

Се надеваме после три најави конечно ќе се реализира турската инвестиција, да не остане како Гугл, Фејсбук и Фолксваген

Се надеваме дека Ковачевски после три пати најавување конечно ќе ја донесе инвестиција на турската компанија. Јавноста очекуваше уште во време на неговиот ментор Заев оваа компанија да почне да работи, но еве барем сега да се случи и да не остане како Гугл, Фејсбук и Фолксваген нереализирана.

Економскиот неуспех на владата на СДС е за жал очигледен. Во Регионот Македонија е на последното место по прилив на странски инвестиции, односно и Албанија и Косово и Србија имаат двојно па и тројно повеќе инвестиции од нас. Заради тоа Македонија е земја со најнизок раст на БДП во Европа, а зад нас се само Украина и Русија.

Оваа економска катастрофа која денес се случува е само поради неодговорноста и неспособноста на оваа власт. Ова мора да престане, а тоа ќе се случи кога оваа власт ќе си замине.