Се докажа дека спрегата помеѓу СДСМ, милионерите и заробеното судство функционира беспрекорно.
Каевски е милионер, а тоа го потврдува и неговиот анкетен лист.
СДСМ треба да и кажат на јавноста дека тужбеното барање на Каевски првостепено беше одбиено како неосновано во целост!
Дарко Каевски да не се радува на пресуди кои не се правосилни и се резултат на притисокот кој власта го врши врз судиите. Фактите говорат дека тој е милионер.
Според анкетниот лист на Каевски, тој поседува над 4 милиони денари депозити во македонските банки.
Како ги стекнал Каевски тие над 4 милиони денари со само триесетина години и не повеќе од 6 години работа како функционер?
4 милиони денари, се пари за кои Каевски треба секој месец во период од 6 години да става на сметка над 60.000 денари, а тоа е цела плата која ја имал како пратеник или директор.
Каевски нема да избега од одговорност, и од потребата да го докаже потеклото на својот имот. Залудна е лажната вест на СДСМ и Каевски затоа што ништо не може да ја победи вистината!
По ослободувањето на институциите тој ќе мора да докаже како се стекнал со милионите на сметка, а пресудите носени под притисок нема да го спасат.