15.04.2023

СДС со лаги и манипулации пробува да ја сокрие кататрофата во енергетиката

И во ек на најголемиот празник, СДС не запира да пласира лаги за состојбата во енергетиката.

Владата предводена од СДС и за време на велигденските празници ги манипулира граѓаните со лажни констатации за енергетиката и изнесува лажни заклучоци за енергетските достигнувања. Не го почитуваат постот во чест на големиот празник Велигден и не ги оставаат граѓаните во мир и со верба да си го чествуваат. Се изнесуваат констатации и заклучоци дека состојбата во АД ЕЛЕМ поради енергетската криза е нарушена и дека било потребно од буџетот да се вбризгаат над 230 милиони евра, а прикажуваа загуби во работењето, кои од 16.8 милиони евра во 2020 година се покачиле на над 40 милиони евра во 2021 година, со тенденција на уште поголеми загуби во изминатата 2022 година. Поранешниот директор на ЕЛЕМ Васко Ковачевски, во прошталното интервју изманипулира со бројки како производството било задоволително и како енергетските капацитети го дале својот максимум. Состојбата во РЕК Битола е катастрофална и дефектите се толку чести, така што бројот на исклучувањата (испадите) и повторните вклучувања  се приближни со акумулационите хидроелектрани. Никој не смее да каже каков јаглен и мазут се набавува и дали сето тоа е согласно Законот за јавни набавки. Колкави се профитите и провизиите на поединци и на правните субјекти. Кои се проблемите и какви се последиците од увезениот јаглен и мазут при процесот на согорување во котлите. Тешките кражби и манипулации се обидуваат да ги прикријат со пресконференции за достигнувањата во РЕК Битола.  Дали Васко Ковачевски поднесе оставка до Владата или таа од него го побара тоа, времето ќе покаже. Кристално јасно им е дека манипулациите со достигнувањата се само завеса позад која се крие голем криминал.

Никој не кажува зошто нивоата на Мавровското, Охридското и Дебарското Езеро се толку ниски, далеку под просекот за овој период од годината, како ХЕС Црн Дрим ја троши минимално акумулираната вода од акумулациите и дали овој хидроенергетски ситем претставува производствен капацитет за базна енергија. Дали е важна екологијата и дали ниските коти се причина за вибрации на агрегатите, како и многу низок степен на искористување на акумилираната количина на вода. Какви се достигнувањата во ХЕЦ Тиквеш, кога во месец април не може да достигне кота на акумулацијата која ќе гарантира акумулирана количина вода за наводнување, а потоа за производство. Да се вклучуваат агрегати на така ниски коти неколку месеци е срам за познавачите на опремата на оваа хидроцентрала. Инсталираната снага на  ХЕЦ Козјак се споредува со произведена електрична енергија од фотоволтаична електрана на годишно ниво во GWh. Заклучокот е дека нестручните и неквалификуваните кадри на СДС споредуваат различни мерни едници намерно или се неуки за справување и објаснување на предизвиците во енергетиката.

Нагласуваат дека грејната сезона ќе завршела на 15 април, а цената на електричната енергија за домаќинствата не се зголемила, а за малите потрошувачи и за 72000 илјади компании се намалила за 20%. Прво, секое домаќинство знае дека за струја издвојува околу 30 % повеќе пари од домашниот буџет во однос на претходните години, заради „успешните“ енергетски политики на СДС. А, пак малите потрошувачи добија намалување на цената за 20 % откако претходно им ја покачија за 400 %.

 За ова го обвинуваат лидерот на опозицијата Мицкоски, кој благовремено најавуваше и укажуваше на реално зголемување на цената на струјата и можните рестрикции, согласно реалната слика и состојбите со енергетските ресурси и капацитети за кои оваа власт е директно одговорна. Но, за наша среќа и благодарение на благата зима, се избегна најлошото, а дополнително непланското и неоправдано вбризгување на 230 милиони евра во енергетиката, како и нивното криминално менаџирање привидно им го спаси образот, но вистината е јасна и потврдена со факти.

Секаде во светот била зголемена цената на струјата, само кај нас била стабилна и дури сме заштедиле 100 милиони евра. Тогаш нека одговори Владата зошто се вбризгани над 230 милиони евра на сметка на ЕЛЕМ?  Нека проверат дали некаде има инфлација од 40 % во последнава година, како што имаме ние и тоа инфалција која е директна последица на зголемување на цените на енергенсите.

Оттаму, прикаските дека многу успешно работеле и добро се справиле со енергетската крза нека ги раскажуваат на своите членови и поддржувачи, ако воопшто и ги имаат после целокупните погрешни политики во земјава.

Наведуваат дека имало евтина струја за производителите на основните производи, а во продажба цените до плафон. Евтина струја за фармите кои се занимаваат со месна индустрија, а цената на месото од 400 до 550 денари. Ефтина струја и олеснувања за оние кои произведуваат раноградинарски производи, а ние имаме увозен домат за 200 денари и увезени краставици за 170 денари,  а истите во Албанија во малопродажба се по цена од една третина. Ја чуствуваме толку добрата политика на владата во енергетиката, така што граѓаните можат достоинствено со макарони и со евтино овошје да ги поминат празниците.

Владата се фали дека имала зголемено производство во 2022 година и дека менаџирале две кризи, и тоа криза со електрична и криза со топлинска енергија. Со 760 милиони евра антикризни мерки оваа влада успеа во РЕК Битола да го затрупа и уништи котелот поради користење на неквалитетен јаглен и мазут, успеа во ТЕЦ Осломеј 7 пати за 3 месеци да предизвика дефекти и испади од мрежа, успеа целогодишно да ги експлоатира ХЕЦ-овите на екстремно ниски коти за да го покрива недостатокот на базна енергија.

Се фалат дека граѓаните на Скопје не останале без греење и ТЕЦ Неготино работел без прекин. Нека одговорат колкави количини на мазут и гас набавиле и потрошиле и дали треба граѓаните со буџетски пари да ја покриваат неспособноста на оваа влада за да се богатат поединци. Исто така, се фалат дека обезбедиле 100% од производството на електрична енергија за универзалниот снабдувач, а биле обврзани законски да покријат само 60%. Тогаш нека одговорат зошто се вбризгани над 230 милиони евра во ЕЛЕМ, ако биле способни да ги произведат и да ги покријат сите 100% од потребите на електричната енергија.

Апсурдни и неточни се овие манипулирања, знаејќи дека  блок 3 во РЕК Битола е надвор од погон, ТЕЦ Осломеј е надвор од погон, ТЕЦ Неготино е надвор од погон и на ремонт подолг од 2,5 месеци, а сите акумулации се на минимум и далку под просечните коти за овој период од годината. Сега се прашуваме со кои капацитети оваа Влада ги прави достигнувањата во енергетиката? Со увоз на електрична енергија од берза, со склучување договори за набавка на гас по двојно поголеми цени од берзанската, со купување на неквалитетен мазут и јаглен?

Она што го прават е само голем срам и тотално непочитување на достоинството и нарушување на спокојството на сите граѓани за време на велигденските празници со ценовни шокови на основните продукти. Обидувајќи се да застанат рамо до рамо со народот, тие застанаа рамо до рамо без срам спроти народот за да го понижуваат и малтретираат. Што друго ако не лошото менаџирање со енергетиката е причина за оваа инфлација и пазарен шок?

Сите сме засегнати од овие лаги и невистини, па затоа неминовен е и процесот на акумулирање на гнев и бунтовност, кој ќе кулминира со промената на оваа Влада, која не го почитува сопствениот народ и му ја потценува менталната интелегенција.

https://www.facebook.com/komisiinavmrodpmne/posts/pfbid0sfS4Y8sTcrGAW1SY9FKK1MDiHvD47A9huyNfYcgZuT1BcaWKpm6oz5DXUmuwny4sl