16.08.2023

СДС се власт, на Курти му доделиле обезбедување и го испратиле до граница, а држат налудничава прес конференција за скандалите кои им се случуваат

СДС се власт во државата, дозволиле влез на Курти, му доделиле обезбедување за настанот, го испратиле до граница, и денес држат прес конференција за скандалите кои им се случуваат за време на нивно владеење. 

СДС се толку изгубени во секојдневните порази и толку не можат крај со крај да врзат од неуспесите, што мораат да држат налудничави прес конференции, чија цел е поделба на општеството.

Ова е резултат од нивните ветувања дека ќе обезбедат општество за сите, еднаквост, рамноправност и соживот. Имаме само поделби и порази за македонскиот народ и македонската држава.