СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија, државата 7 години ја потонаа во криминал.
СДС ликуваат на тоа што Македонија е заглавена. СДС напорно работеа првин да бидеме ставени во исто кош со Албанија, а потоа и Албанија да не претрка.
СДС свесно работат Македонија да биде заглавена почнувајќи од договорите потпишани од Заев, завршувајќи со криминалот и корупцијата кои царуваа 7 години со СДС.
2% доверба во судството, девастирано здравство и образование, СДС систематски ја разгради државата.
Радоста на СДС нема да трае, Македонија оди напред, со ВМРО-ДПМНЕ следува економска трансформација, владеење на право и просперитет.