13.10.2024

СДС повторно со празни зборови, ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки

СДС повторно со празни зборови, ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки. Како и многу пати досега, СДС преку претседателот Венко Филипче, повторно се обидува да го омаловажи секој позитивен чекор направен за доброто на граѓаните. 

Најновата критика за зголемувањето на платите на наставниците е уште еден пример за тоа како СДС продолжува да ги манипулира фактите. 

ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми платата на наставниците за 5% веднаш, а до крајот на мандатот за 50%, наспроти сите економски предизвици со кои се соочува државата, голрм дел заради криминалот и неодговорноста на Филипче и таквите како него во СДС и ДУИ додека ја водеа државата.  

Ова е чекор во вистинската насока за подобрување на стандардот на наставниците и плановите за понатамошни зголемувања веќе се во изработка. 
СДС го игнорира фактот дека токму нивната влада, кога тие беа на власт, ги остави наставниците со минимални зголемувања, ветувања без реализација и со сериозни проблеми во образовниот систем. 

ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и транспарентно, со реални чекори и решенија. Спротивно на тоа, СДС со своите изјави се обидува да создаде атмосфера на незадоволство и манипулации. 
Време е СДС да престане со лагите и да признае дека оваа Влада презема сериозни мерки за подобрување на условите за сите граѓани, вклучително и наставниците. 

Македонија не заслужува да биде заложник на празни ветувања, какви што СДС и Венко Филипче постојано нудат. 
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните со конкретни дела, а не со празни зборови. Граѓаните ќе ги видат и почувствуваат резултатите од нашите политики. Македонија заслужува подобро, и тоа ќе го добие.