24.12.2022

СДС не води сметка за националните интереси, претседателот Мицкоски се грижи за идентитетот и јазикот

СДС не води сметка за националните интереси, претседателот Мицкоски се грижи за идентитетот и јазикот.

Каевски го виде Тито по втор пат, па очигледно е многу збунет, откако го виде Тито во Заев сега очигледно го гледа во Ковачевски, и додека тој им се додворува за позиции не гледа дека го местат со прес конференции кои други му ги пишувале, а се лаги и манипулации.

СДС потпиша асиметричен договор со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи нови штети врз Македонија.

Што се однесува до договорот со ФРОНТЕКС тој е потпишан на истиот јазик како и многу други меѓународни договори до сега, на Македонски јазик, и тоа не е новина, ниту достигнување.

Суштината на проблемот е што СДС ја поткопува основата на Македонскиот јазик и нација, ги распродава историските факти одрекувајќи се и препишувајќи ги на друг.

Македонија мора да добие гаранции дека нема да биде повторно уценувана и притискана од страна на Бугарија на нашиот пат кон ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС кои водат ден за ден политика, се грижи и за историјата, и за сегашноста, а работи за иднината да биде просперитетна.

СДС со нивните политики ги избркаа младите од државата и ја уништуваат иднината. Според ДЗС само за една година се иселени 133.000 луѓе, и тој тренд со СДС ќе продолжи затоа потребни се промени и Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги ослободи институциите и ќе го гарантира владеењето на правото. А политичарите како Дарко Каевски ќе треба да докажат како на 30 години стекнале 4 милиони во банка, стан од 60тина квадрати и друг не скромен имот.