26.12.2022

СДС на дезертерот Ковачевски е партија која лаже и клевети, за што има и судска пресуда

СДС предводена од дезертерот Ковачевски е партија која лаже и клевети. Тоа го потврдува и пресуда од суд која утврдила дека СДС изнесува клевети и лаги за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Дури и едно вакво партизирано судство на СДС не може да ги спаси од очигледните лаги и невистини.

Но се поизвесно е дека  СДС се во страшен очај. Гледаат дека пропаѓаат со рејтингот и се обидуваат со нови лаги и манипулации да се спасат. Тоа не им поминува кај народот.
Граѓаните гледаат дека оваа партија и нејзиниот лидер Ковачевски станаа заложници на Ахмети и единствено кои ги интересира се матните тендери и меракот за пари.

Така е и на централно ниво, но за жал така е и на ниво на Град Скопје. Впрочем меракот за пари е лепакот кој ја врзува и Тачела коалицијата. Оваа коалиција на Арсовска и Ковачевски е причината поради која Градот Скопје тоне во хаос. Директорот на ЈСП е кадар на СДС и тој е оној кој потпиша сомнителен договор од 27 милиони евра семејната фирма на пратеникот на владејачкото мнозинство на Ковачевски. Кадарот од Тачела коалицијата е главниот одговорен за колапсот во јавниот превоз.

Дополнително, СДС после 7 години власт во Скопје не успеа да обезбеди чист воздух иако ветуваа. Каде отиде паролата “ајро-ајро“, каде отидоа проектите кои ги ветуваа со кои требаше трајно да се реши проблемот со загадениот воздух? Каде отидоа 20 милијарди евра буџетски средства кои ги истрошија а ништо не направија? Зошто дозволија драстично да порасне сиромаштијата кај граѓаните?

Неспособните СДС не може да глумат опозиција и да бараат одговорност од сите други само не од самите себе. Ако веќе не се кадарни да ги решаваат проблемите, нека излезат на избори, па од позиција на опозиција нека зборуваат.