СДС со својата катастрофална економска политика донесе енормна сиромаштија и рекордна инфлација. Поскапувањето на трошоците за живот ги изедоа платите и ја намалија куповната моќ на граѓаните.
Потрошувачката кошница дојде близу 52 илјади денари, што е резултат на инфлацијата која кај нас е скоро 20%, а на прехранбените производи кои граѓаните секој ден ги купуваат инфлацијата изнесува над 30%.
Според ваквите податоци, реалната плата наместо да расте таа се намалува. Тоа што можеле лани граѓаните да го купат со една плата, сега не можат. Тоа е реалната вредност на платите со која се фали СДС. Секое семејство не може со платите да се прехрани, а не пак да си овозможи да си купи нешто надвор од основната потрошувачка кошница.
На розевите лаги на СДС веќе ни членовите на партијата не им веруваат, затоа што по својот џеб може да проценат дека со оваа власт предводена од Ковачевски живеат се полошо и полошо. Наместо подобар стандард СДС донесе инфлаторна спирала која е меѓу најголемите во Европа.
За ова да престане, оваа корумпирана и неспособна власт предводена од Ковачевски треба да си замине.