Државата тоне на секое поле, граѓаните се сиромашни, а СДС наместо да се фати за работа за да обезбеди подобар живот за сите, продолжува да лаже и манипулира.
Поголеми лажговци и криминалци од функционерите на СДС нема. Најмалку што може да зборуваат од СДС е за лага. СДС се докажани лажговци. Како што дезертерот Димитар Ковачевски ја лажеше јавноста дека не отслужувал војска заради студии, а потоа заради здравствени причини, за на крај излезе документ дека е трајно неспособен.
До ден денешен не одговори пред јавноста кога всушност лажел, ниту пак прифати утврдување на неговата деловна способен за извршување на премиерската функција. Каков претседател дезертер и лажго, таква партија.
Дури и институциите потврдуваат дека СДС лаже. Имено, само за потсетување на СДС, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и во ова партизирано и политизирано правосудство го доби случајот против СДС за клевета и навреда.
На СДС и Ковачевски им паѓа рејтингот, и сакаат преку лаги и манипулации да го кренат. Но прочитани се од граѓаните.
Граѓаните знаат на кого може да му веруваат, а на кого не.
Мицкоски е секогаш на страната на народот, за разлика од Ковачевски кој е против македонскиот народ.
Но, ова за брзо ќе заврши. На Македонија и граѓаните им е потребна промена.