Почитувани,
Во СДС се случува тотален распад. Целосно дезориентирани утрово водени од политикантски мотиви пуштија соопштение за загадениот воздух. А притоа на тој начин свесно или не, практично ги нападнаа градоначалниците на Центар, Сарај, Чаир, Струмица, градот Скопје каде буџетот го изгласаа СДС, Левица и ДУИ, инспекторатот за животна средина, министерствата и владата поради неактивност на оваа тема.
Таквото лицемерие додека дремат со скрстени раце за загадениот воздух, а во исто време да напаѓаат други за својата неспособност е еднакво на она каде утрово се фалеа со зголемена минимална плата од 1000 денари, а молчат за зголемувањето на платите на функционерите од власта за 400 евра, покрај она што претходно се случи за 78%.
Бидејќи се прават наудрени еве да ги потсетиме на работите од нивната програма кои ги ветуваа на изборите за чист воздух, а ниту едно не реализираа.
Нека не се мачат, нека посочат не две, не три, туку само една работа која ја реализираа.
Во продолжение басновитите ветувања на СДС од нивната сопствена програма.
Ветувања СДС:
Преку инсталирање системи за редукција на емисии на стакленички гасови и прашина ќе ја намалиме емисијата на штетни честички во околината и ќе го вратиме чистиот воздух во пелагонискиот и кичевскиот регион.
Зајакнување на инспекциските органи заради ефикасен надзор врз спроведувањето на предложените мерки за заштита на воздухот, водите и почвата.
Спроведување сопствен мониторинг на квалитетот и емисиите во воздухот, водите и почвата од страна на индустрискиот сектор.
Дооформување и непречено работење на мрежите на станиците за следење на квалитетот на воздухот и водите.
Одржување редовни средби со претставници од индустријата и дискусија на теми од областа на заштитата на воздухот, водите и почвата, како и обука во индустриските капацитети за подготовка на Проценка на ризик од еколошка одговорност.
Подготовка на документација за безбедно управување со хаварии од индустриски несреќи (опасни супстанци).
Ревидирање на одлуката за увоз на стари возила со цел да обезбедиме пониско ниво на емисии во воздухот од сообраќајот.
Заедно со сообраќајната полиција ќе спроведеме нови режими на сообраќај во поголемите градови, што значително би го намалило загадувањето на воздухот.
Во сообраќајот ќе промовираме употреба на гасни горива од типот природен гас и пропан-бутан.
Ќе го стимулираме јавниот и организираниот превоз во градските средини и во поголемите компании. Воспоставување наменски здравствено-еколошки индикатори за процена на ризиците по здравјето на децата од загадениот воздух.
Повторно ќе го воспоставиме Фондот за животна средина.
Крај на басните.
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!