13.09.2023

СДС и ДУИ се амнестираа со Кривичниот законик, а сега ќе амнестираат и дилери, убијци и тешки криминалци

СДС и ДУИ се амнестираа со Кривичниот законик, а сега ќе амнестираат и дилери, убијци и тешки криминалци.

Власта подготвува закон за амнестија, и единствена причина за амнестијата која ја наведе Лога се лошите услови во затворите. СДС и ДУИ и на рати АА се власта во државата 6 години, имаа повеќе од доволно време да направат нешто за затворите доколку тоа им беше приоритет.

Реалноста е дека откако СДС и ДУИ си се амнестираа себе со измените во Кривичниот законик, сега ќе ги амнестираат и тие кои заедно со луѓе од власта тргуваа дрога и правеа други тешки кривични дела.

Матрицата на СДС и ДУИ е криминална. Пред да си заминат од власт се амнестираат себе и нивните извршители.