Етничка нетрпливост е кога министерот за надворешни работи ќе зема плата од буџетот на Македонија и ттрба да ги застапува интересите на Македонија а нема да го користи службениот македонски јазик.
Веќе досадна е истата матрица на СДС и ДУИ секогаш кога ќе бидат фатени како прават криминал, кршат устав или закони да се правдаат со тоа дека некој предизвикува етничка нетрпеливост.
Бујар Османи требаше да се извини што пред неговиот шпански колега збореше на друг јазик, а не македонскиот кој е службен јазик на државата која ја преставува.
Ковачевски да не се крие и да објасни како гледа на ова газење по уставот од стрсна на Османи и што мисли како се чуствуваат македомците кога гледаат што орави неговиот министер.