Власта шеста година изгласува се поголем буџет, а оваа година тој гласи цели 5,5 милијарди евра, но граѓаните шеста година по ред, се повеќе се дават во сиромаштија, стандардот тоне, а цените во маркетите се поскапи од тие во Германија.
Според статистиките, за раст на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 година, земјите во регионот бележат раст на БДП по глава на жител над 50%, додека Македонија за истиот период бележи раст само од 20%.
Во овие 6 години се потрошија 25 милиони евра од буџетот, а нема ни еден единствен капитален проект, кој почнал и се завршил, за време на овој период. Македонија стана убедливо најсиромашна земја по глава на жител, нас не поминаа и Босна и Херцеговина и Албанија, во сите економски параметри.
Очигледно е она дека, со што се потврдува и во извештајот на ЕУ, дека во Македонија царува корупцијата, во сите пори на општеството, а функционерите од ДУИ и СДС, само гледаат како да натоварат, што повеќе милиони на своја сметка, за нив и нивните роднини.
Оваа пракса ќе заврши многу брзо, за само неколку месеци. ВМРО-ДПМНЕ, подржани од граѓаните, ќе ја срушат оваа криминална власт, а потоа ќе дојдат вистински економски политики но и одговорност.