17.12.2023

СДС и ДУИ да се откажат од бетонизација на Карпош, бизнисот од 600 милиони нема да им помине

СДС и ДУИ да се откажат од бетонизација на Карпош, бизнисот од 600 милиони нема да им помине.

СДС и ДУИ за бизнис од 600 милиони евра сакаат да го блокираат Карпош и цело Скопје.

За „Пуцко Петрол“ да оствари бизнис од 600 милиони евра Тафталиџе треба да се претвори во инфраструктурно тесно грло, кое ќе го блокира протокот на возила и луѓе во правец исток – запад на територија на Скопје.

ДУП-от кој СДС и ДУИ го туркаат преку Јакимовски е штетен за Карпош, единствено бенефит од него имаат тие.

Наместо урбано и хумано живеење СДС и ДУИ туркаат бетонска џунгла среде Скопје.