СДС и ДУИ да не го малтретираат народот и нека го откочат законот за продолжување на рокот за пасоши кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и ДУИ оставија половина држава без пасоши, а сега безобразно одбиваат да го поддржат продолжувањето на важноста на пасошите во Собрание, со што граѓаните ги ставаат во „државен притвор“.
Власта со години лажеше дека нема да треба да се менуваат пасошите вонредно и дека тие ќе се менуваат со нивното истекување, иако знаеја дека се обврзале на нешто сосема друго. Потоа Спасовски го остави МВР без обрасци. За на крај да не сакаат да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите.
Ако во СДС и ДУИ има барем малку чувство за народот Ковачевски и Спасовски ќе им дозволат на своите пратеници да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и пасошите да продолжат да важат.
Цела Македонија е парализирана од СДС, ДУИ, Спасовски и Ковачевски. Граѓаните не можат да излезат од државата. А со моменталните капацитети на институциите заменување на сите пасоши ќе трае две години.
СДС, ДУИ, Спасовски и Ковачевски свесно ја втурнаа државата во хаос и молчеа. Со право народот вели дека немаме држава кога е СДС на власт. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.