СДС нека излезе и нека го покаже договорот.
Има закон и за 40 часови работна недела па СДС турка процедура за 60 часовна работна недела, затоа што потпишале договор со пенали за државата од 53 милиони евра, ако не донесат законски измени.
Според материјалите кои ги добивме од свиркачи, договорот содржи дел од кој се гледа дека 70% од работниците ќе бидат странци, дополнително се регулира дека истите ќе можат да работат и без работни дозволи.
Гледаме дека СДС потпишале работи, кои сега брзаат со законски измени да ги легализираат, како што е со 60 часовната работна недела. Истото е и со сите други законски измени кои ги предлагаат.
Необјавувањето на договорот пред јавноста говори дека СДС и ДУИ нешто кријат.
Јавноста мора да знае како ќе се трошат 1.3 милијарди евра народни пари.
Парите со кои ќе се плаќа изведбата на Коридорите 8 и 10д се на македонските граѓани, а не на Груби и Ковачевски, и граѓаните се тие кои мора да знаат што плаќаат.
Наместо лаги, најмалку што треба владата да направи е да го објави договорот. Зошто не постои деловна тајна во законот за класифицирани информации.
Не може да биде тајна како ќе се трошат парите на граѓаните.