11.11.2022

СДС им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра

СДС им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра.

Заклучно со 30.09.2022 година јавниот долг е 7.64 милијарди евра. Ова е историски највисок долг, а притоа нема инвестиции, нема проекти.

И додека расте долгот, расте и инфлацијата. Македонија ја има највисоката стапка на инфлација во регионот и Европа. Со инфлација од 20% се анулира секаков раст плати, а народот осиромашува.

Со СДС секој негативен показател во економијата расте. Се зголемува и трговскиот дефицит.

Економијата со СДС е се поранлива и по зависна.

Наместо да го креираат најголемиот буџет во историјата и да трошат пари на се и сешто, СДС да ги применат и инкорпорираат мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи, а ќе значат помош за стопанството и граѓаните.