25.12.2022

СДС е заложник на криминалот и корупцијата, а ВМРО-ДПМНЕ вистински работи за подобра иднина

СДС е заложник на криминалот и корупцијата, а ВМРО-ДПМНЕ вистински работи за подобра иднина.

СДС е заложник на својата антидржавна матрица, а ВМРО-ДПМНЕ заштитник на државните интереси.

СДС при здрав разум продолжува да лаже. Велат почнале преговори, а бараат уставни измени.

СДС во водењето на своите политики никогаш не води сметка за државните интереси, туку по принципот на попустливост распродаваат се што ќе стигнат за да прават криминал. ВМРО-ДПМНЕ на дело работи за подобра иднина, а тоа се гледа и преку проектите и работата на градоначалниците, а ќе продолжи и како влада, СДС прават само криминал.

Македонија тоне на сите листи за мерење на корупција и криминал. Матните зделки на власта се во фокусот на нивното работење. Купуваат скапа струја затоа што не произведуваат домашна, Ковачевски беше фатен во центарот на аферата Броило во која се свртени над 26 милиони евра, тендерите во РЕК Битола за ископ и транспорт во милионски износи се извршуваат од лица блиски до СДС.

Нема област во која власта не прави криминал.

Со криминал и корупција како со владата на СДС не можеме во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС може вистински да ја придвижи Македонија кон ЕУ, а не декларативни како што тоа сега го прават Ковачевски и неговите пиуни.

Во исто време загрозена е безбедноста со месеци МВР не може да открие кој дојавува лажни бомби и внесува несигурност кај граѓаните. Од полициска станица им крадат оружје, се крадат неколку тони марихуана, а МВР не може да ги фати сторителите.

Со СДС Македонија е во заложништво и затоа треба да си заминат. Потребни се промени.