СДС да не молчи, да каже дали бегството од затвор е со дозвола на Ковачевски и Зечевиќ.
Командирот на смена во Идризово Димитријевски, во чија смена избега осудениот убиец на социјалните мрежи не ја крие својата поддршка за СДС.
Командирот во чија смена избега осудениот затвореник е близок до Миле Зечевиќ. Во една негова објава на социјалната мрежа фејсбук, тој е сликан со Зечевиќ, а пораката која е јавна и објавена со сликат е: “со шефот до крај”.
Командирот Димитријевски претходно како полициски службеник е фатен на дело при поткуп. Па наместо избркан, тој добил повисока позиција во државната управа, како Командир на смена во Идризово.
Дали Зечевиќ и Ковачевски стојат зад Димитријевски и дали тие се причината поради која тој бил поставен на командирска позиција. Дали дозволеното бегство, за кое веќе потврдија и медиумите е по налог на СДС?
Ковачевски и Зечевиќ да не се кријат, заради нив, државата стана небезбедна, а во затвор се само тие кои немаат линк со власта, сите други криминалци или бегаат или невлегуваат воопшто.