10.08.2024

СДС да не бега од одговори, содејствува ли со ДУИ во планот за дестабилизација?

СДС да не бега од одговори, содејствува ли со ДУИ во планот за дестабилизација?

СДС не може да остане нем посматрач, мора да кажат дали и тие чекаа на ДУИ за да ја дестабилизира државата? Па сега и едните и другите откако претседателот Мицкоски им го осуети планот се прегрупираат и се вадат дека само ќе протестираат.

И СДС и ДУИ имаат само една цел, нивните корумпирани функционери да не одговараат за криминалот и грабежот на државата.

7 години СДС и ДУИ ја крадеа државата. Резултатот е ограбена држава, и за тоа одговорност ќе има. Никакви црни сценарија нема да ги спасат.